Ги повикуваме сите засегнати страни да останат мирни и да се воздржат од шпекулации или неосновани тврдења, побараа од американската амбасада во Скопје по петкратното убиство во близината на селото Смилковци.

Повикуваат на трпение додека се чекаат фактите за случајот.

„Знаеме дека властите го истражуваат инцидентот и се во потрага по сторителот или сторителите на ова ужасно дело. Ги поддржуваме напорите на Министерството за внатрешни работи во продолжување на истрагата и законските процедури што е можно понавремено, како и во обидите да ја добијат поддршката на јавноста во прибирање на достапни информации за овие убиства, се вели во соопштението“, велат од амбасадата на САД.

OhridNews
извор: „Макфакс“