Деновиве, Полициската станица за безбедност во патниот сообракај Охрид, презема зачестени акциски контроли насочени кон сите учесници во сообраќајот. Од страна на полициските службеници, се врши систематска и целосна контрола на патнички, товарни и други моторни возила, контрола на товарот и на патниците, исправност на возачката и сообраќајната документација, контрола на уредите за сопирање, како и контрола на возачите на велосипеди со помошен мотор и моторцикли.

Целта на контролите е елиминирање на прекршоците кои ги прават сите учесници во сообраќајот како и превентивно делување на сообраќајната полиција во насока на подигнување на степенот на безбедноста во сообраќајот како и на безбедносната култура кај возачите и пешаците со целосно и доследно почитување на хоризонталната и вертикална патна сигнализација, информираат од СВР Охрид.
 
На 4-ти овој месец, од сообраќај исклучен е еден возач на патничко возило поради управување под дејство на алкохол и констатирани 2,35 промили алкохол во крвта. По други основи, од сообракај исклучени се уште 11 други возачи.Изминативе два дена, контролирани се  над 200  возила од кои, кај едно возило е констатирана неисправност на системот за сопирање а 7 возила се упатени на вонреден технички преглед. Во шест случаи, била констатирана измината важност на сообракајната дозвола, две лица бесправно управувале моторно возило додека повеке возачи не ја носеле потребната сообракајна и возачка документација. Полициските службеници, во 27 случаи евидентирале неносење на заштитен шлем-кацига, користење на мобилен телефон при управување со возило како и поминување на пешаци преку коловоз на необележан пешачки премин и поминување на црвено светло на пешачки простор.

Кон лицата кои ги сториле прекршоците, издадени се покани за наплата на глоба а 27 лица се повикани на сообракајна воспитна мерка-сообракајна поука, соопшти СВР Охрид.