Сообраќајот на сите патишта во земјава се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Поради појава на магла, видливоста кај Гостивар-Стража, Ресен, Кочани и Плетвар е намалена на 100 до 150 метри, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews