По повод 5-ти Јуни, светскиот ден на животната средина, Секторот за внатрешни работи Охрид, спроведува акција во која, во соработка со Авто-мото друштвото ,,Васил Стефоски“ и Здружението на возачи-Охрид, врз товарните и патничките моторни возила, се врши контрола на системот на испуштање на согорени гасови, и користење несоодветно гориво.
За таа цел, на улицата ,,7 Ноември“ кај Здружението на возачи, поставен е контролен пункт. Истовремено, мобилна екипа од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, врши контрола и упатување на возилата на вонреден технички преглед.
Полициските службеници на СВР Охрид, ќе извршат и други еко-активности, за расчистување и разубавување, на полициските станици и одделенија, на целото подрачје.
Со овие активности, СВР Охрид дава скромен придонес во одбележувањето на денот на екологијата, како обид за подигнување на еколошката, и безбедносната култура кај учесниците во сообраќајот.












