Сообраќајна незгода се случи ноќесна на булеварот „Туристичка“, на кружниот тек во близина на пазарот. Во незгодата оштетени се патничко возило и електричен столб. Нема информации за повредени лица.

Утрово со полициска асистенција оштетениот електричен столб беше отстранет и подигнат со товарно возило.

На местото на незгодата увид изврши сообраќајната полиција.

OhridNews