Комбе за превоз на патници утрово излетало од коловоз на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на црквата Св. Еразмо.

Во моментот на незгодата во комбето немало патници, а возачот се здобил со лесни телесни повреди, информираше портпаролот на  СВР Охрид Стефан  Димовски.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на истражните органи, а според првичните наоди причина за незгодата најверојатно е неприлагодена брзина кон условите на патот, односно лизгавиот коловоз.

OhridNews