На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, Oпштина Дебрца, патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27 годишно лице од Охрид, излетало од патот.

Притоа, возачот и 19 годишниот сопатник од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews