Вчера во 15:15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с. Врбјани, патничко возило BMW, со охридски регистарски ознаки, управувано од 56 годишен стружанец излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.И.(67) од с.Заграчани, струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираа од МВР.
OhridNews












