На 04.11.2025 околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на с.Оровник, општина Дебрца, патничко возило „смарт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 30-годишно лице од с.Горенци, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews












