Автомобил удрил во жена пешак на магистралниот пат Охрид -Кичево, во непосредна близина на хотелот „Амбасадор“ кај Подмоље. Несреќата се случила околу 18 часот.

Повредената жена  веднаш е пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и се наоѓа вон животна опасност, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото на настанот извршила сообраќајната полиција која работи на утврдување на причините за несреќата.

OhridNews