Осмата носителка Каролина Вознијаки, уште во првото коло го заврши учеството на последниот грен слем турнир во сезоната, УС Опен.
До неодамна најдобрата тенисерка на ВТА листата, загуби од Ирина-Камелија Бегу од Романија со 6:2, 6:2. Вознијаки која во последните три години, во Њујорк играше најмалку во полуфиналето, по завршувањето на овој турнир ја очекува голем пад на ВТА листата.
Романката Бегу, која ја забележа само третата победа во кариерата на грен слем турнирите, во следната рунда ќе игра против Силвија Солер-Еспиноза од Шпанија.
Бранителот на титулата на последниот тениски грен слем во сезоната, УС Опен, Новак Ѓоковиќ, експресно го мина првото коло, откако за само 73 минути го совлада Паоло Лоренци од Италија.











