Машката ракометна репрезентација по трет ќе учествува на завршница од Европско првенство. На второто она во Србија цела Европа слушна за Македонија, која носена од „фалангата“ стигна до историското петто место.

Континенталниот собир избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе го започнат против домаќинот Данска, потоа следуваат дуелите со Чешка и Австрија.
Распоред на натпреварите :
12 јануари : Данска – Македонија (20:30 часот)
14 јануари : Македонија – Чешка (18:15ч)
16 јануари : Македонија – Австрија (18:15ч)
За пласман во втората фаза од Европското првенство на „црвено жолтите“ неопходна им е една победа, но не и убедливи порази во останатите два дуели со ривалите во групата.
Мх.П.










