Среќата во ждрепката на “црвено-жолтите“ беше наклонета и во групата Б, Македонија ќе се сретне со Германија, Шведска и Чешка.


Избраниците на Шундовски, првенството ќе го отворат на 15 јануари со четирикратниот континентален шампион Шведска. На клупата на “викинзите“ е Штефан Олсен кој беше предводник на суперсоничната генерација која ја сочинуваа уште Магнус Висландер, Љубомир Врањеш…


Во второто коло на 17 јануари Македонија ќе “спарингува“ со стариот должник Германија. Светскиот првак од 2005, за влакно се спаси на континеталниот собир во Хрватска, кога Кире Лазаров беше исклучен а  “панцирите“ натпреварот го добија со 33-23.


Последниот натпревар во групата “црвено-жолтите“ ќе го одиграат со Чешка на 19 јануари. Репрезентацијата на чесите по квалитет е “рамо до рамо“ со нашата иако беа еден шешир погоре во ждрепката.

Мх.П.