Во дворот на древната црква Св. Богородица Перивлепта во стариот дел на Охрид, во неделела, на пригодна свеченост што ќе се одржи во 11 часот, ќе биде откриена возобновената плоча во чест на дрвото кочеџик, засадено по повод илјада годишнината од упокојувањето на Св. Методиј и чествување на ликот и делото на Никола И. Чудов.

Оваа церемонија беше предвидено да се одржи неколку месеци порано, но беше одложена поради ковид ситуацијата во нашата земја.

Настанот е од отворен карактер, и на него се поканети сите добронамерници, информира организаторот.

OhridNews