СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување спрема здравствени прописи за време на епидемија“.

При контрола извршена на 22.04.2021 година, полициските службеници го затекнале пријавениот во време на полициски час при што, утврдиле дека нема дозвола за движење со што, ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20 до 05 часот. – соопшти СВР Охрид.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 56 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-17, Струга-03, Кичево-26, Дебар-10).

OhridNews