Полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, при претрес во стан во Охрид што привремено го користеле двајца охриѓани на возраст од 69 и 61 година, вчера, пронашле опојна дрога марихуана и 160 семки од растението „Канабис сатива“.

Дрогата е одземена, а лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид.

Исто така вчера, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода лишија и 25-охриѓанец.

При претрес во куќа во Охрид што тој привремено ја користел, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана, Тој е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира СВР Охрид.

OhridNews