Вчера, околу 9 часот, во атарот на струшкото село Делогожда, Ј.Б. и А.П.  вработени во Шумска полиција, при преземање на службени дејствија го запреле А.Ј. (58) од Делогожда, кој се движел со натоварен коњ со огревни дрва.

При контролата, настанала расправија по што во еден момент А.Ј.извадил пиштол го репетирал и го вперил кон  шумските полицајци, но не пукал. Во намерата бил спречен од страна на  неговиот син Б.Ј. со кого заминал дома.

Од страна на службите при Полициската станица во Струга преземени се мерки, при што од А.Ј. со потврда за привремено одземени предмети одземен е пиштол „Смит-Весон“ кал.9мм, кој го поседувал со дозвола. По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews