На М.П. криминалистички техничар во отсек за крим техника во СВР Охрид, изречена му е мерка писмено предупредување затоа што го нарушил јавниот ред и мир, соопшти МВР.

Toj е еден од вкупно 11 вработени во министерството за внатрешни работи против кои се донесени решенија поради сторени повреди во работењето, а според претходно спроведена дисциплинска постапка.

Од нив, на девет вработени изречена им е мерка парична казна, додека на двајца вработени изречена им е мерка писмено предупредување, поради пречекорување на службените овластувања.

OhridNews
извор: „МВР