Четириесет годишен скопјанец, вработен во Тутунска банка, вчера попладне го ограбил трезорот на банката. Од МВР потврдија дека кражбата се случила пред 16 часот. Грабежот го открил директорот на трезорот во 16.58 часот. Од полицијата информираат дека лицето од трезорот украл 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

Според досегашниот тек на истрагата, се знае дека тој ги ставил парите во торба и без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите излегол од банката.
Повеќе од 24 часа истражителите не знаат каде е скопјанецот, а по него е распишана потерница.

OhridNews

извор Макфакс