СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56- годишно лице , магационер во АД „ ЕМО- Косел“ и уште две лица кои работеле како обезбедување во истото претпријатие за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, а 54- годишен шеф на погон, за кривично дело „кражба“.
На 23.05.2014 година, лицето кое работело како шеф на погонот ги зело клучевите на погонот-трансформатори и со непознато лице користејќи згодна прилика од магацинскиот простор одзеле 1.190 килограми бакарни фолии. Магационерот иако бил должен да ја контролира состојбата со материјалите на одговорните лица во претпријатието не им пријавил кусок на бакарни фолии.
Двете лица кои работеле како обезбедување вршејќи други работи го оставиле фабричкиот комплекс необезбеден , при што го оштетитиле акционерското друштво за 585.295 денари.
OhridNews