Издадени се налози за апсење на петмина вработени во хотел во италијанското одморалише Соренто под сомнеж дека пред две години групно силувале Британка. Италијанскиот обвинител Алесандро Пенасилико изјави дека на истрагата ѝ помогнало ДНК-тестирањето во Англија, кога 50-годишната Британка прв пат пријавила дека била силувана.

Полицијата ги запленила телефоните на сите мажи вработени во хотелот, пришто кај осомничените биле пронајдени пораки во кои разговарале за силувањето, како и фотографии од самиот чин.