Вчера во просториите на Полициската станица Охрид, општинскиот Црвен крст традиционално и оваа година спроведе крводарителска акција.
Како што информира Анета Вршкоска Јованоска од ЦК Охрид, 27 лица вработени во Секторот за внатрешни работи ја покажале својата хуманост, дарувајќи драгоцена течност.
„Задоволни сме од одзивот на лицата вработени во СВР Охрид и сакаме да им израземе благодарност за нивната хуманост. Очекувани беа околу 20 единици крв, но до крајот на акцијата ја надминавме очекуваната бројка.“ – вели Вршкоска Јованоска.
Покрај 27 крводарители вработени во СВР Охрид, крв даруваа и средношколците Марио Таламаноски и велосипедистот Јован Јованоски, кој своето полнолетство го потврди со овој хуман чин.
O.T.