Вработените од Македонија пат веќе три месеци не добиле плати, a не им се исплатени ниту надоместоците за терен. На врата иm тропаат извршители, бидејќи не можат да ги подмират сметките.

Револтурани од безизлезната ситуација во која се наоѓаат веќе подолг период, вработените во Македонија пат во среда најавија дека ќе излезат на нови протести пред Владата, од која бараат решение на нивните проблеми.

Според одредени проценки државата на овие лица им должи околу 150 милиони денари.

OhridNews