Вработените во Заводот за нефрологија во Струга, стручниот колегиум и
здружението на бубрежни болни Нефрон не се согласуваат со идејата на
Министерството за здравство да се издаде под концесија дијализа. Тие
денеска упатија јавен повик до министерот за здравство Никола Тодоров да
не го потпишува договорот за концесијата за вршење дијализа во Заводот
за Нефрологија.
-Ви упатуваме јавен повик да не се потпишува договор помеѓу
Вас и добитникот за вршење дејност дијализа за Заводот за нефрологија
како специјална болница, и бараме средба со вас каде стручниот колегиум,
други стручни лица во државата кои придонеле за развој и усовршување на
лекувањето на бубрежно болни и самиот процес на дијализа, сегашни
актуелни раководители на клиниката за нефрологија, претседатели на
здруженијата за нефрологија, каде со аргументи стручно ќе докажеме дека
оваа специјална болница е многу повеќе отколку самиот процес на дијализа
кој трае 4 часа.-истакна Д-р Муса Асим, член на стручниот колегиум
на болницата, кој во име на вработените во болницата го прочита јавниот
повик до министерот Тодоров.
Тој истакна дека евентуалното давање
под концесија на оваа здравствена услуга ќе го наруши функционирањето
на специјалната болница, бидејќи услугите кои таа ги нуди меѓусебно се
поврзани.
-Сите фуннкции и кабинети функционират како целина.
Ако ја немаме дијализата ќе немаме пациенти, иследување и ќе нема
нудење на таквите услуги. Овие капацитети може да функционират ако имаме
дијализа и пациенти.-рече Д-р Муса.
Лекарите за намерите да се издаде лиценца за вршење дејкност
Дијализа цо Заводот за Нефрологија во Струга, биле информиранми од
медиумите. Преку нив тие денеска го повикаа министерот Тодоров да дојде
на средба во Струга за да му ги презентираат стручните аргументи зошто
дијализата не треба да се издвои од услугите кои ги дава јавната
здравствена установа.
Зводот за Нефрологија постои повеќе од 30
години, а освен од Македонија, болницата опслужува пациентити и од
Албанија, Косово и Србија. Оваа болница е единствена специјализирана
болница надвор од клиничкиот центар во Скопје која врши комплексни
здравствени услуги од областа на бубрежните заболувања.