Со одлука на Управниот одбор на компанијата, донесена на 12.12.2016 година а спроведена во Централниот регистар на РМ на 15.02.2017 година, компанијата „Орка Холдинг“ АД Скопје го продаде својот удел во „Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена, соопшти компанијата..

Сите обврски кои компанијата ги имаше кон вработените заклучно со 31.12.2016 година се подмирени. Во наредните денови ќе се подмират и обврските кон платите за месец јануари 2017 г., велат од „Орка Холдинг“.

Покрај „Орка холдинг“, својот удел во Графички центар” ДОО Скопје, сопственик на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), по номинална цена, го продаде и  компанијата „Интернет груп инвестмент“.

Инаку вработените во весниците на МПМ „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“ од утре стапуваат во штрајк откако не ја добиле јануарската плата во предвидениот рок.

OhridNews