Вработените во образованието, науката и културата стапуваат во Генерален штрајк. Владата бара разбирање од СОНК.
24.11.08 07:10
Поголеми плати и потпишување на колективните договори бараат вработените во образованието, науката и културата кои денеска стапуваат во Генерален штрајк.
Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, бара најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори и сите да се применуваат од први јануари следната година, надоместокот за храна да се исплаќа во износ од 20 проценти од просечната плата на ниво на држава, а надоместокот за превоз да биде во висина на реалните трошоци на работникот што ги плаќа за одење до работното место и враќање дома. СОНК бара и трансформација на договорите за работа на вработените во образованието, науката и културата на определено време, во договори на неопределено време.
Спорд најавите на СОНК во штрајк ќе стапат и вработените во градинките и училиштата. Тие ќе доаѓаат на работа но настава нема да одржуваат. Во градинките и целодневната настава децата ќе бидат прифатени но нема да има воспитно образовни активности.
Владата упати апел до вработените во образованието, науката и културата да ја преиспитаат одлуката за штрајк, имајќи ja предвид општата економска состојба предизвикана од глобалната финансиска криза. Вицепремиерот Зоран Ставревски на прес-конференција, вчера истакна дека Владата е подготвена да прифати корекција на платите, но од 2010 година. Тој подвлече дека платите во образованието со предвиденото покачување од 10% во 2009 година, за две години ќе се зголемат за 40%, а кај носителите на дејност во културата за 70%. Владата ги предупреди организаторите на штрајкот дека ќе ги казни образовните институции кои ќе го прекинат воспитно образовниот процес, што според неа е спротивно на законите за основно и за средно образование. Владата се закани дека државните инспектори денеска ќе излезат на терен и ќе ги санкционираат директорите и училиштата кои нема да го почитуваат законот.
Претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски и порача на Владата дека штрајк ќе има, а настава нема да се одржува. Според него Владата треба да ги казни директорите кои ќе го попречуваат штрајкот на вработените, бидејќи согласно Уставоот тие имаат право на протест. Дојчиновски искажа уверување дека синдикатот и Владата ќе седнат на преговарачка маса и за кусо време ќе изнајдат решение со што ќе биде прекинат и штрајкот.
Најпогоденени во целата ситуација се учениците и родителите кои од денеска мака ќе мачат со згрижувањето на своите деца.
Традиционална храна подготвена со увозни продукти не е традиционална Кога ќе одите во некоја земја прво што барате нешто традиционално Тоа ја зголемува потрошувачката и атрактивноста, а не го поска...
По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти, денес ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″ Организатор на маскенбалот е МЗ на сВелгошти и е финанси...
Променливо облачно со сончеви периоди Во раните претпладневни часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено зас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.