„Асертивната комуникација како фактор за подобрување на интерперсоналните односи во училиштето“ беше насловена еднодневната обука која деновиве се одржа во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“.
-Работилницата имаше за цел да го збогати знаењето на вработените за вештините, формите и категориите за успешната комуникација како фактор за здрава училишна клима и функционална училишна култура, различните стилови на комуницирање, како што се пасивната, агресивната и асертивната комуникација, информираат надлежните во училиштето.
Оваа обуката била реализирана во согласност со годишната програма на оваа образовна установа и зацртаните проекти, во насока на професионалното усовршување на стручните соработници и наставниците, како клуч за подобрување на севкупната работа во училиштето.
OhridNews