Академијата за протокол, во рамките на своите услуги , нуди и специјализирани обуки за бон-тонот и однесувањето за конкретни клиенти од хотелиерството и угостителството. Имајќи ја во вид идентификуваната потреба за дополнителна обука на вработените во областа на туризмот и фактот што Охрид е главен центар на туризмот во Република Македонија, се очекува дека овие нови активности ќе побудат посебен интерес.
Обуките се наменети за сите правни субјекти од областа на хотелиерството и угостителството, како и за сите лица кои сакаат да се здобијат со знаење кое е веднаш применливо во практика и кое ја следи наставната програма на Школата за протокол од Вашингтон. Обуката ќе биде од исклучителен интерес за вработените во хотелската администрација, рецепцијата, хотелските ресторани и угостителски пунктови, студенти за туризам и менаџмент и за сите останати кои се поврзани со работењето во оваа индустрија.