Откако останаа без плата за Нова година, без пари ќе бидат и за Божикните празници, затоа што раководството им најавило дека личниот доход за ноември ќе им биде исплатен дури наредната недела.
OhridNews уште пред Нова година се обиде да стапи во контакт со раководството на Здравствен дом, од каде не добивме официјален став за проблемот кој го посочуваат вработените.