Светска награда за хуманизам за 2013 година, вечерва беше доделена на германската писателка и нобеловка Херта Милер. На свечената церемонија која се одржа во куќата Уранија на МАНУ, Амбасадорката на Република Германија во Македонија, Н.Е.  Гудрун Штајнекер, во име на писателката ја прими наградата врачена од охридската Академија на хуманизмот.

Амбасадорот Јован Плевнеш, изрази задоволство што МАНУ станува простор за прогласување на добитниците на светската награда за хуманизмот. „Иако во глобала хуманизмот е во длабока криза, градот и земјава зрачат со таа позитивна енергија. Од 2007-ма година, преку ова признание за Охрид се врзани големи имиња од светската култура. Оваа година имаме чест, што еден од најголемите книжевни творци, Херта Милер, прифати да биде 7-миот добитник на оваа награда.“ – истакна Плевнеш.

Амбасадорката на Германија во земјава, Н.Е Гудрун Штајнекер, изрази задоволство што Милер се закити со наградата за хуманизам. „Нејзиното творештво се одликува со длабок хуманизам, кој претставува слободно развивање на личноста. Во нејзиното дело е врежано искуството на диктатурата, репресијјата и борбата на човекот да преживее со неговото достоинство. Особено ми е чест, што ете Милер го доби ова светско признание.“ – истакна Штајнекер.

Во делото „Животни во срцето“, кое е објавено од издавачката куќа Феникс, опишани се сите нејзини трагични и жестоки патешествија.

Нема поубаво признание токму од оваа награда. Кога сите подзабараваме на хуманоста, охридската Академија на хуманизмот се сети и направи извондреден избор во писателката Милер. Гордост ни е што во оваа плејада од 7 творци, сега имаме и нобеловец. Ме радува фактот што писателката прифати да го понесе ова признание, а верувам дека наскоро ќе дојде да не посети во земјава.“ – изјави д-р Христо Петрески во име на издавачката куќа Феникс, инаку професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Тој отрки дека наскоро, ќе биде објавено уште едно дело на оваа писталека, со што читателите подобро ќе можат да се запознаат со нејзиниот товречки опус. „Наскоро ќе објавиме уште една нејзина книга, а тоа е романот „Лулашка на здивот“. Нејзините дела се извондредни и мајсторски создадени. Верувам дека по добивањето на ова признание, книгите на Милер ќе бидат барани и читани од страна на граѓаните.“ – додава Петрески.

Во името на градот, честитки упати и претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески. „Преку оваа награда се чувствува духот на „Св. Климент Охридски“. Се надевам дека авторката преку признанието, ќе го почувствува духот на Охрид во нејзиниот дом.“ – истакна Јаковчески.

Инаку, Херта Милер е родена во 1953 година во Ницкидорф, Романија. Како студент по германска и руска литература, таа се спротивставува на режимот на Николај Чаушеску, по што во 1987-ма емигрира во Германија. Во 2009-тата, Милер ја добива нобеловата награда за литература.

O.T.