Државното знаме повторно се вее на јарболот пред општина Струга, заедно со албанското знаме. Претходно знамињата беа извадени, со образложение дека биле оштетени под влијание на временски фактори.

Од локалната самоуправа истакнаа дека се набавени нови знамиња кои денеска беа поставени на јарболите.

Во меѓувреме на местото на државното знаме беше поставено исламско знаме, кое подоцна беше симнато.


Вратени официјалните знамиња на јарболите пред општина Струга

OhridNews