Опрема вредна 20 000 евра донираше компанијата Костал Македонија на Лабораторијата за мехатроника при Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Донацијата содржи уреди и IT опрема што ќе се користат во научно – образовни цели.
Покрај ова, кадар на Костал Македонија ќе соработува со студентите за време на лабораториските вежби и ќе им пренесува практични искуства на идните инженери.
Од име на компанијата донацијата ја врачија Кристофер Сандерс – Извршен потпретседател на групацијата Костал и Виктор Мизо – Генерален директор на Костал Македонија, а ја прими деканот на Машинскииот факултет Дарко Донев, пренесува порталот „извоз.мк“.
Со оваа донација се продлабочува соработката на Машинскиот факултет и компанијата Костал која, покрај континуирана поддршка на образованието, нуди можности за вработување на младите кадри, како и обука и доедукација за работа со најсовремени технологии од областата на мехатрониката, автоматиката и роботикa.
OhridNews












