Менаџментот на јавното претпријатие „Билјанини Извори“ утре, во охридската градинка „Билјана“ ќе предаде вредна донација во вредност од 60.000 денари.

Донацијата се состои од телевизор, ДВД, печатач, теписони, детска литература–книги, сликовници, боенки, едукативни и гумени играчки, реквизити за спорт и слично.

Активноста на ова јавно претпријатие е поддржана и од ТОП Маркетите, кои обезбедија по еден кроасан за секое детенце кое посетува градинка.