Подарена вредна донација во ООУ „Христо Узунов“ која се состои од стручна литература за наставата по Англиски јазик и Информатика и програмирање, како и соодветен инвентар и компјутер.
Денес во посета на училиштето беа Д-р Иштван Пинтер, Комесар за почесни конзулати во Министерството за надворешни работи на Република Унгарија и Марјан Бојаџиев, Почесен конзул на Република Унгарија во Република Северна Македонија.
Со оваа донација ќе биде збогатена библиотеката во училиштето, а воедно таа е добредојдена за наставата по англиски јазик и информатика, посебно за додатната настава за талентирани ученици. Исто така на средбата се дискутираше за можноста за соработка со Унгарски училишта од Будимпешта, во врска со размена на искуства во програмите и наставата во образовните институции, информира директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева.

OhridNews












