Вредна донација доби охридската градинка „Јасна Ристеска“. Како што информираат од градинката, објектот „Росица“ е опремен со нови масички и столчиња, биро, нови шкафчиња, како и нови закачалки за сите воспитни групи.

Воедно заменета е дограмата, извршено е молерисување на занималната, поставено е ново осветлување, а набавени се и теписони, постелнина и играчки за дечињата.

Од градинката упатуваат голема благодарност до сите родители и фирмите кои ја обезбедија оваа донација.

OhridNews