Претставници од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ донираа потрошни  наставни материјали и средства: фломастери, боички, хамери, восочни бои, пластелин и друго  за потребите на основното училиште „ Св. Климент Охридски“.

– Овие средства ќе послужат како мотивација – награда за оние паралелки кои ќе се истакнат во добро поведение,  еколошки и други активности кои ќе се организираат во училиштето, велат од оваа образовна установа.

ОУ „Св. Климент Охридски“ соработува со Фондацијата од далечната 1996 година  кога беше вклучена во  реализација на програмата „Чекор по чекор“ , а потоа и во проектите „Преку читање и пишување до критичко мислење“ и  „Модернизација на наставта“.

Од минатата  учебна година   училиштето е вклучено во првата фаза на проектот „Со читање до лидерство“ што продолжува оваа година. Овој проект има за цел подобрување на проценката на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини кај наставниците, особено вештините за формативно оценување и подигање на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писмесност во интелектуалниот развој кај децата.

OhridNews