Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Австралија, денеска, на пригоден начин по повод Светскиот ден на хуманоста, ќе донира вредна помош на геријатриското одделение при општата болница во Охрид.
Ова хуманитарно здружение постои 31 година. Вредните донации се обезбедуваат со средства на членовите на охридското социјално друштво, кои несебично веќе една деценија испраќаат помош во Охрид, секаде каде што за тоа има потреба.
OhridNews