Вредни награди за младите физичари од охридската Гимназија на натпреварот кој се одржа во склоп на 46 Школа „Млади физичари“ на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На овој настан учениците Горазд Тримчев и Дарио Павлески под менторство на проф.Виолета Никовска освоија втора награда во категорија ученици од трета година. Во категорија ученици од четврта година ученичката Марија Зороска освои втора награда под менторство на проф.Марија Сиљаноска, додека ученичките Ана Јорданоска и Јана Ѓореска-трета награда под менторство на проф.Марија Сиљаноска, информираат од охридската Гимназија.

OhridNews













