На годинешната  „ Ѓомлезијада“ која вчера , во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа , се одржа во Скребатно , највкусно ѓомлезе подготви Светлана Тодороска. Во конкуренција на 24 натпреварувачи , победничката доби награда од 10 илјади денари и охридски бисер , второнаградената Љубица Ѓузелоска 6 илјади денари , а третонаградениот Димитрија Димитриоски  4 илјади денари.


Годинешната Ѓомлезијада се оддржа по четврти пат. Првата „Ѓомлезијада“ се одржа во 2009 година во Велестово, минатата година ѓомлезе се подготвуваше во Лакочереј, додека во Скребатно манифестацијата се одржува по втор пат.

OhridNews