По повод 1.100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски – Чудотворец во катедралната црква „Света Софија“ вечерва беше отворена изложбата на икони, посветена на светителот.

Изложбата содржи триесет и три икони на кои се јавува портретот на  Свети Наум , кои датираат од 18 и 19 век и кои за прв пат се презентираат пред јавноста.


Изложбата ја отвори архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој истакна дека за Свети Наум Охридски се знаело уште во 10 век од кога започнал да се почитува како светител. 

Неговиот култ, покрај во охридско-преспанскиот, присутен е и во  битолско-прилепскиот крај, како и во Корча и Москополе, во Костур и Берат,  на север, дури до Влашко и Балатон, рече архиепископот Стефан.


Тој потенцира дека иконите кои го носат ликот на Св. Наум се распространети речиси на секој континент, благодарејќи на македонските исленици во светот.

Поставените икони од оваа изложба нека бидат повод за во иднина да  излеземе од нашите граници за да видеме до каде стигнал и е пренесен Св. Наум, неговиот култ и неговиот лик, истакна г. г. Стефан .


вредните икони со портрети на Св. Наум Охридски за прв пат пред јавноста

Освен икони од струшкиот и охридскиот регион,  од изложбата дел се и икони од Бигорскиот манастир, како и од дебарскиот и кичевскиот регион.

Т. Кувенџиска
фото:Емилио