Актуелниот најдобар машки стендап комичар во Македонија, Никола Тодороски, во четврток 21-ви август во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе одржи шоу на кое ќе го претстави најновиот материјал, ексклузивно подготвен за оваа прилика.
Никола Тодороски
Час и петнаесет минути публиката ќе има можност да ужива во уникатниот и креативен хумор на Никола. Урнебесното стендап шоу насловено како „Делириум“, започнува во 21 часот.
Гостин на вечерта ќе биде еден од основачите на софиската стендап сцена, бугарскиот актер Иван Кирков.
Билетите за стендап шоуто на Никола Тодороски по цена од 200 денари, од денеска ќе можат да се најдат во продажба на касата на Центарот за култура, мјузик шоп „ZZ Top“ и трафиката „Фибос“ во охридската чаршија.
Не пропуштајте го стендап шоуто на летото!
OhridNews