Сезоната на подготовка на зимница заврши или е при крај, ставањето вино исто така. Есенското трошење на гардероба, сместување на студентите и се повисоките режиски трошоци веројатно ви создадоа доволно главоболки.

Е па време е малку да подзаборавиме на секојдневните проблеми, а подобар „лексилиум“ од доза насмевка нема. Затоа оставете ги сите изговори на страна и набавете си билети за големото стенд ап шоу на охридскиот актер Никола Тодороски во големата сала на Центарот за култура на 17-ти ноември од 20 часот, кои во продажба ќе бидат од утре, петок, во Тобако „Фибос“ – трафичено сред чаршија, и во Центарот за култура по цена од само 150 денари.

Големото стенд ап шоу ќе ја најави третата сезона од веб комедијата „Идиотека“ која наскоро екслузивно ќе се емитува на најпосетуваниот интернет портал во поширокиот регион, „OhridNews“.

OhridNews