Доколку имавте напорна работна недела, еве ви прилика за добро опуштање. Во редовниот термин за театарски претстави, оваа сабота во Центарот за култура настапува охридскиот актер и стенд-ап комичар Никола Тодороски.

Никола на пошироката јавност и е познат по веб комедијата „Идиотека“ што од неодамна се емитува на интернет медиумот OhridNews.

Стенд-ап комедијата со Никола Тодороски почнува во 20.00 часот.

 Влезот чини 100 денари.

OhridNews