Кога судијата во среда во 20.45 часот ќе означи старт на “Сантијаго Бернабеу“ ќе се судрат во моментов најдобрите два тима во светот Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Наспроти “специјалниот“ Жозе Мурињо, Карло Анчелоти (прва сезона во Реал) донесе многу повеќе медиумски мир и спокојство во куќата на Реал. Па така сезонава мина без спектакуларни изјави, и “завери“ против кралскиот клуб кој во ерата на Мурињо, ги имаше секојдневно. Анчелоти на Реал “му даде крила“ во имињата на Роналдо и Бејл и наспроти традиционалната цврста одбрана која ја милуваат италијаните, Анчелоти покажа дека нападот е најдобра одбрана.

А дека Реал не знае да се брани потврдата дојде на реванш мечот од четвртфиналето во Дортмунд. Долго време во Мадрид ја посакуваат “десетката“, евентуалната елиминацијата на бранителот на титулата Баерн и тоа како ќе ги “запали“ милионите навивачи ширум светот.

После тројната титула освоена под палката на маестралниот Јуп Хејкенс, “баварците“ покажаа глад за нови трофеи. Го доведоа Пеп Гвардиола, тактичкиот “филозоф“ кој го формираше Баерлона, германската прецизност ја спои со шпанската романтика, и досега оваа формулата дава резултати. (Европски суперкуп, Светско клупско првенсто, титула во Бундеслигата).

Но без разлика на исходот на ова полуфинале, сезона без титула во Лигата на Шампиони ќе биде разочарување за навивачите на Баерн. Двомечот против Реал е само чекор кон остварување на желбата, која треба да кулминира во Лисабон.

Специјалниот е на чекор да го оправда својот епитет. Доколку успеаа со “сините“ да стигне до титула во Лигата на Шампиони, тој ќе биде првиот тренер кој го освоил ова натпреварување со три различни екипи. Претходно тоа му успеа со Порто и Интер. Три сезони по ред како тренер на клупата на Реал Мадрид, застана во полуфиналето. Она што го посакува Мурињо, тоа и го исполнува. Повторно сиот притисок е врз португалецот, а не врз неговите фудбалери.

Така што не случајна е неговата експлозија по погодокот на Демба Ба против ПСЖ во финишот на мечот.Мурињо е шоумен, каков што англиските медиуми посакуваат. Во мечот секако Челси ќе влезе како фаворит, но за да се освои ЛШ ќе мора прво да се скрши, Диего Симеоне и “нескршливите“ јорганџии.

Диего Симеоне. Неповторлив како фудбалер. И колку да е успешен како тренер аргентинецот, кога ќе се спомене неговото име, тоа е синоним за борец во средината на теренот, кој не знаеше за “Не“. Токму тој дух го краси тимот на Атлетико Мадрид, кој како “предизвикувач“ ќе влезе во мечот со Челси.

Атлетико ја повтори историјата, но дали имаат сила да направат уште еден исчекор и да испишат нова. Атлетико се наоѓа во момент во кој секој еден навивач би посакал да се најде неговиот тим. Во финишот од шампипонатот се лидери во Шпанија,и играат полуфинале во Лига на Шампиони.

 

M.П.