На секција Песочани-Требеништа од км 7+400 до км 9+022, почнувајќи од ден 07.03.2022 до 16.03.2022 ќе се изврши времена измена на сообраќајот, односно пренасочување на сообраќајот од лева лента на десна лента во правец кон Охрид, информираат од „Синохидро Корпорејшн Лимитед“-Пекинг, Подружница Скопје, со седиште во село Извор, Кичево.
Во текот на траењето на наведените градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај, велат во соопштението.
По завршување на градежните работи, како што се наведува во соопштението, сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна ситуација.
OhridNews












