Поради изведување на градежни активности за поставување на фекална канализација, утре 21.10.2022 (петок) во периодот од 9 до 13 часот ќе биде времено затворен за сообраќај крак од улица „Ариф Мустафа“, информираат од ЈП Нискоградба Охрид.

Воедно упатуваат молба до граѓаните кои живеат во околните куќи и станбени згради да не минуваат со своите возила на овој потег, во горенаведениот временски период.

OhridNews