Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Богородица времето за чекање за излез од државата е околу еден час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за излез и влез од државата.

АМСМ апелира на прилагодена брзина на движење, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради градежни работи, регионалниот патен правец што води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај, секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот.

После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

 

ОhridNews