Поради асфалтирање, патниот правец Мелнички мост – Дебар ќе биде затворен во двата правци на 03.05.2017 и 04.05.2017 од 13:00 – 17:00 часот, информира АМСМ..
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви и чисти коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
OhridNews