Времето денеска претпладне ќе биде маглливо или со ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Охрид времето денес претпладне облачно, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и утре ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.
OhridNews












