Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Охрид, времето ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, од понеделник со подолги сончеви периоди и со пониски утрински и дневни температури.
OhridNews











